Прескокни до содржината
Правно

Политика за приватност

Последно ажурирано: јули 2026 · Wedding Planner Pro

1. Кој ги обработува податоците

tvojasvadba.mk е свадбен директориум преку кој паровите наоѓаат сали, бендови и фотографи, а бизнисите ги промовираат своите услуги. Оваа страница објаснува какви лични податоци собираме, зошто, и какви права имаш во врска со нив.

2. Кои податоци ги собираме

Кога испраќаш барање за понуда до бизнис: име и презиме, е-пошта, телефон, датум на свадбата, приближен број гости и порака што ја внесуваш во формата. Овие податоци се испраќаат директно до избраниот бизнис за да можат да одговорат на твоето барање.

Кога регистрираш или добиваш профил како бизнис: е-пошта и лозинка (за најава), име и опис на бизнисот, град, телефон, е-пошта за контакт, адреса, линкови до веб-сајт и социјални мрежи, и фотографии што ги поставуваш.

Кога испраќаш порака преку контакт формата: име, е-пошта и содржината на пораката.

Кога креираш профил „Мојата свадба“: име, е-пошта, телефон, датум и град на свадбата, број на гости, планиран буџет, омилени и резервирани понудувачи, договорени цени, аванси, checklist, буџетски ставки и историја на испратени барања.

Кога го користиш списокот на гости и распоредот на маси: имиња на гости, телефон ако доброволно го внесеш, страна или семејна група, RSVP статус, тип на гостин, мени, алергии, белешки и маса на која е распореден. Внесувај само податоци што се неопходни за организацијата и за кои имаш соодветна основа да ги обработуваш.

3. Зошто ги користиме овие податоци

  • За да ги поврземе паровите со бизнисите преку барања за понуда
  • За да овозможиме најава и управување со бизнис-профилите
  • За да одговориме на прашања испратени преку контакт формата
  • За да ги одржуваме и подобруваме функционалностите на платформата

4. Со кого ги споделуваме податоците

Не продаваме и не изнајмуваме лични податоци на трети страни за маркетинг цели. Податоците се обработуваат преку следните услуги неопходни за работата на платформата:

  • Supabase — база на податоци, автентикација и складирање фотографии
  • Vercel — хостирање на веб-страницата
  • Resend — испраќање системски email известувања

Барањата за понуда се споделуваат единствено со бизнисот до кој се упатени. Списокот на гости и распоредот не се споделуваат автоматски. Ресторанот добива read-only пристап само кога корисникот експлицитно ќе ја вклучи опцијата „Сподели со ресторанот“.

5. Колку долго ги чуваме податоците

Податоците за бизнис-профилите, профилите „Мојата свадба“, буџетот, списокот на гости и распоредите се чуваат додека корисничката сметка е активна на платформата. Барањата за понуда се чуваат за да овозможат преглед на историјата на комуникација помеѓу паровите и бизнисите. Ако сакаш бришење на твоите податоци пред тоа, контактирај нè на е-поштата подолу.

6. Твоите права

Во согласност со Законот за заштита на личните податоци на Северна Македонија, имаш право да:

  • побараш преглед на податоците што ги чуваме за тебе
  • побараш исправка на неточни податоци
  • побараш бришење на твоите податоци
  • го повлечеш согласувањето за обработка во секое време

За остварување на овие права, пиши ни на tvojasvadba21@gmail.com.

7. Колачиња (cookies)

Платформата користи колачиња неопходни за најава и одржување на сесијата (преку Supabase Auth). Овие колачиња не се користат за рекламирање или следење на однесувањето низ други сајтови. За најавени корисници, омилените профили се синхронизираат со корисничката сметка. За посетители без сметка, може привремено да се користи локалното складирање на прелистувачот.

8. Безбедност

Лозинките никогаш не се чуваат во читлива форма — само нивна енкриптирана верзија. Пристапот до административните и бизнис-панелите е заштитен со најава и правила за пристап на ниво на база на податоци. Списокот на гости е достапен само за сопственикот на профилот, освен кога финален распоред е свесно споделен со резервираниот ресторан.

9. Промени во оваа политика

Оваа политика може да се ажурира повремено. Значајни промени ќе бидат објавени на оваа страница со нов датум на ажурирање.

10. Контакт

За прашања поврзани со приватноста, пиши на tvojasvadba21@gmail.com или погледни ја нашата контакт страница.