About us
Бендот на Браќа Нуне е музичка приказна изградена врз семејните вредности, љубовта кон музиката и почитта кон традицијата. Официјално бендот е направен во 2018 година,но со многу години предходно искуство. Бендот претставува спој на искуство, талент, посветеност и заедничка визија за музиката.
Зад себе веќе долги години на искуство и работа насекаде во светов. Два авторски албуми, над 20 авторски песни, многу настапи и патувања.
Членови на Бендот: Филип Нуне - Труба и Гитара , Раде Нуне - Кларинет и Саксафон, Мими Јовановска - Женски Вокал, Драги Лазев - Машки Вокал, Роберт Јосимовски - Хармоника и Клавијатура, Слободан Геровски - Ударни инструменти.
Нашите музички корени се длабоко поврзани со македонската традиција, многу соработки со познати уметници а посебна инспирација претставува и наследството и соработката со легендарната Есма Реџепова.
Нашиот стил е препознатлив по спојот на традиционалната македонска и балканска музика со современи музички правци. Во нашиот репертоар се испреплетуваат народни песни, староградски мелодии, забавна музика, популарни хитови и авторски композиции, создавајќи музичка целина во која секој може да пронајде дел од себе.
Посебно место во нашата работа заземаат свадбите и семејните прослави, моменти кои се случуваат еднаш во животот и заслужуваат да бидат исполнети со вистинска емоција. Веруваме дека добрата музика не е само изведба на песни, туку создавање атмосфера, поврзување на луѓето и претворање на секој настан во спомен кој се памети.
Покрај изведбите во живо, активно работиме и на создавање авторска музика. Преку сопствените композиции настојуваме да го зачуваме духот на традицијата, но и да внесеме нова енергија и современ израз. Нашата музика е одраз на она што сме искрени емоции, љубов, животни приказни и почит кон музичкото наследство.
Во текот на нашето постоење изградивме препознатлив музички идентитет, стекнавме пријателства и соработувавме со бројни музичари и изведувачи од Македонија и регионот.
Бендот на Браќа Нуне, музика, љубов, традиција...
Gallery